Connect with us

Фудбал

Доколку Алегри го преземе Интер, доаѓа застрашувачко име во клубот

Масимилијано Алегри ќе биде следниот тренер на Интер, во случај челниците на клубот од Милано да решат да го отпуштат Антонио Конте на крајот од сезоната.

Според италијанскиот печат, Алегри може да упати посебно барање до челниците на Интер. Барање кое го носи името на Пол Погба.

Договорот на играчот за врска на Манчестер Јунајтед истекува во 2022 година, но Французинот би можел порано да ги напушти „Црвените ѓаволи“.

Тоа би бил сензационален трансфер, но неопходен за значително подобрување на тимот. Сега останува само да видиме што ќе се случи. Конте е се уште тренер, но неговата позиција е значително разнишана особено по испаѓањето од Лигата на шампионите.