Connect with us

Други спортови

„Доколку Надал или Федерер го држеле рекордот на Ѓоковиќ, сите би зборувале за тоа“

Рафаел Надал направи вистински подвиг во јануари.

Откако го освои Австралија опен, тој стана првиот тенисер со 21 Грен слем титула, додека второпласираните, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, останаа на 20.

Во оваа насока, најлесно е да се каже дека Надал е најголемиот на сите времиња, но легендарниот шпански тенисер Алекс Коретја мисли поинаку.

„За мене бројот на освоени Грен слемови значи многу во таа трка, но неделите поминати на врвот на АТП листата мора да се бројат, а конечниот меѓусебен резултат на Мастерс не ни кажува многу“, изјави Коретја.

Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по бројот на недели на врвот на АТП листата – дури 362.

„Не е фер тоа да помине незабележано. Доколку тој рекорд го држеше Рафаел Надал или Роџер Федерер, постојано би се нагласувало дека тоа е нешто недостижно, непремостливо. Ѓоковиќ, пак, не се крева поради тоа“, заклучи тој.

Да потсетиме, Ѓоковиќ сакоро и не играше во тековната сезона, односно играше само на АТП турнирот во Дубаи, каде беше елиминиран во четвртфиналето.