Фудбал
Докторот открива дека Марадона се обидел да се самоубие во Куба пред 15 години: „Тој вели дека не го видел, но…“
Диего Армандо Марадона почина пред еден месец на 60 години.
Марадона почина во својот дом во Буенос Аирес, а неговата смрт го потресе фудбалскиот свет. Само неколку недели пред тоа, Марадона имаше операција на главата за крварење во мозокот и се чинеше дека се опоравува добро.
Но, по неговата смрт започна истрага за наводна медицинска небрежност кон Марадона, кој очигледно ја немал потребната помош. По смртта на еден од најдобрите играчи на светот, се појавија разни приказни за него, и јасно е дека легендата за Марадона ќе живее вечно.
Пред неколку дена се појави неговиот поранешен лекар Алфредо Кахе и откри дека Марадона еднаш се обидел да се самоубие во Куба.
“Тој имаше оштетување на мозокот, но тоа не беше баш Алцхајмерова болест и затоа не беше толку видливо. Проблемот е што тој не земаше соодветни лекови. Му требаше мир и тишина за да се опорави, но тоа никогаш не беше случај со него”, вели Кахе и додава.
“Се сеќавам пред повеќе од 15 години кога бевме на Куба. Еден ден се обиде да се самоубие. Тој удри во автобус и само чудо го спаси. Тој ни рече дека не го видел автобусот и дека одеднаш се појавил пред него, но сите знаевме дека тоа не е вистина “.