Connect with us

Фудбал

Долго време Барселона не играше вака: Каталонскиот гигант го понижи Реал Сосиедад

Вечерва Барселона го совлада Реал Сосиедад со 6:1 во рамките на 28. коло од шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб излезе со важни три бода со кои остана веднаш зад Атлетико Мадрид со кого ќе се бори до крајот на сезоната за титулата во Шпанија.

Барселона подобро го отвори мечот и наметна свое темпо, а вечерва го одиграа веројатно најдобриот натпревар во сезоната. Гостите поведоа во 37. минута кога Алба го ангажираше Дембеле чиј удар го одбрани домашниот голман, но блокираната топка ја испрати Гризман во мрежата за 1:0.

Само шест минути подоцна Барселона ја удвои предноста. Меси добро асистираше за Дест, кој го победи Ремир за 2:0 и го постигна својот прв гол во Ла Лига.

Барселона особено блескаше во второто полувреме. Каталонците стигнаа до нов погодок во 53-та минута, а во центарот на вниманието повторно беше Дест кој погоди за 3:0.

Четири минути подоцна резултатот беше 0:4. Бускетс забележа одлична асистенција, а Лионел Меси ја погоди мрежата на Сосиедад и со тоа го круниса рекордот на најдобар начин, бидејќи оствари рекорден број настапи во дресот на Барселона со 768 натпревари.

Но, Барселона не застана тука бидејќи во 71. минута следуваше „петарда“. Топката ја однесе Дембеле на околу 40 метри од голот, кој потоа го „запали моторот“ и со одличен продор стигна до голот на домашниот тим, а потоа тој постигна брилијантен гол за 5:0

Сепак, Сосиедад успеа да го ублажи овој пораз шест минути подоцна кога намали на „Баренеткс“ на 1:5. Сепак, Барселона го имаше последниот збор затоа што во 89. минута повторно ги воодушеви сите со акцијата, а голот за конечни 1:6 го постигна Меси.

Барса е втора на табелата со 62 бода и има четири бода помалку од лидерот Атлетико, додека Сосиедад е петти со 45 бода.