Фудбал
Долго време никој не го критикувал Роналдо како лошото момче на италијанскиот фудбал
Лошото момче на италијанскиот фудбал, Антонио Касано, го критикуваше Кристијано Роналдо по поразот на Јувентус од Порто во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Јувентус не се прослави на гостувањето кај Порто. Португалскиот тим славеше со резултат 2:1, а бледа игра обезбеди еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо.
Неговиот лош настап го коментираше и Касано, а неговите зборови сигурно нема да му се допаднат на португалскиот ас.
„Јас секогаш велев, почнувајќи од претпоставката дека тој е феномен и дека постигна милијарда голови, дека може да има проблеми со идејата на Андреа Пирло за фудбалот. Да, тој постигнува гол по натпревар, тоа е точно, но тој се бори со идејата на Пирло за фудбалот“, истакна Касано и продолжи:
„Тој секогаш бил малку себичен, не му е гајле што постигнуваат другите, тој е играч кој живее за да постигне гол. Тој не живее за играта, за одличната игра. Тој живее за голот и во моментот на ситуацијата парадоксот е во тоа што Јувентус купи играч кој има освоено пет титули во Лигата на шампионите, но има толку многу потешкотии“.
Да потсетиме, Касано ја започна својата кариера во Бари, а меѓу другото играше и за Рома, Реал, Милан и Интер.