Други спортови
Допинг-експерт се сомнева во Рафаел Надал: Покажува знаци на абнормалност …
Германскиот експерт за допинг во спортот Фриц Соргел е убеден дека Рафаел Надал не е чист.
Во интервју за германските медиуми, тој рече дека се сомнева дека Надал е еден од оние кои користат анаболни стероиди.
„Анаболните стероиди се класика во тенисот, затоа не сум изненаден. Со децении следам настани и имам јасна слика за сè. Тенисот е еден од најдобрите четири спортови кога станува збор за допинг, покрај зимските спортови и велосипедизмот. Рафаел Надал покажува знаци на абнормалност“, истакна Соргел и продолжи:
„Постојано се сомневам. Со оглед на неговиот атлетизам, како и фактот дека тој доаѓа од Шпанија, земја за која е позната дека не ги следи адекватно своите херои“.
Тој исто така верува дека тенисерите ретко се контролираат од специфични причини.
„Сите тие се добро набљудувани и советувани за да не се појават нерегуларности. Здружението ги штити своите sвезди, никогаш не знаете и никогаш не можете да коментирате, само може да се сомневате“, посочи Соргел.