Connect with us

Кошарка

Дополнителни проблеми за Хјустон, се повреди Крис Пол

Кошаркарот на Хјустон, Крис Пол, мораше предвреме да го напушти натпреварот против Мајами, кој „ракетите“ го загубија до 99:101, поради повреда.

По лекарските прегледи е констатирано дека Крис Пол ја истегнал задната ложа и се очекува да паузира две недели.

Повредата на Пол е голем удар за Хјустон, кој сезонава игра катастрофално, па во моментов се наоѓа на деветтата позиција во Западната конференција со 16 победи и 15 порази.