Connect with us

Фудбал

Дортмунд носи нов голман

Борусија Дортмунд договори трансфер со голманот на Аугсбург, Марвин Хитц.

Овој 30-годишен Швајцар, го бранеше голот на Аугсбург во последните пет години и неговото заминување од клубот денес го потврди тренерот Мануел Баум.

“Штета што Марвин го заминува затоа што направи многу за клубот, но исто така морам да кажам дека имаме вистинска замена за него”, рече Баум.

Во следните неколку дена Хитц официјално треба да стане нов член на Борусија. Таму тој ќе го замени легендарниот Роман Вајденфелер, кој на крајот од оваа сезона оди во пензија.