Connect with us

Фудбал

Дортмунд се подготвува за живот без Халанд: Одат на шопинг во Амстердам?

Борусија се подготвува за живот без Ерлинг Халанд, кој речиси сигурно ќе го напушти Дортмунд во текот на летото.

Манчестер Сити е главниот кандидат, а „Билд“ утрово објави дека и Баерн тргнува во потрага по норвешкиот напаѓач.

Ова значи дека Дортмунд мора да бара замена за Халанд, и ако им се верува на пишувањата на некои германски медиуми, Милионерите би можеле да пазарат во Амстердам.

На радарот на Борусија е 27-годишниот напаѓач на Ајакс, Себастијан Халер кој има сегашна вредност од 27 милиони евра.

Халер ги помина сите селекции на Оксер, потоа играше за Утрехт, Ајнтрахт, Вест Хем и во јануари 2021 година пристигна во Ајакс каде се прероди.

Одигра 51 натпревар за младинските селекции на Франција, постигна 25 гола, но на возраст од сениори одлучи да го облече дресот на Брегот на Слоновата Коска. Тој постигна три гола на шест натпревари за споменатата африканска селекција.

Тој има договор со Ајакс до 2025 година, но во случај на продажба на Халанд, Дортмунд нема да има проблем да ја плати клаузулата што Французинот ја има во договорот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама