Фудбал
Драган Стојковиќ Пикси по неуспехот на Мундијалот во Катар: Знам дека пречам на многумина, но „Куќата на фудбалот“ не е кафана!
Драган Стојковиќ, селекторот на српската фудбалска репрезентација се појави на прес конференција по враќањето од Катар. Тој одговараше на прашања на новинарите по неуспехот на Светското првенство во Катар.
Зборуваше за сите теми, а ги допре и оние кои според него ја уништуваат репрезентацијата од сенка.
-Нацијата ме поддржува 100 отсто, тоа го чувствувам, не ја лажам нацијата, ниту ќе ја лажам. Не сум Дедо Мраз што исполнува желби, имам став и некому тоа не му се допаѓа. Имам уште од март се знае дека некому сум трн во око.А зошто?Ги боли што немаат влијание врз репрезентацијата.Ги боли тоа што Спортскиот центар повторно презеде пофункционална функција,функција на мирот и спокојството.А не локал во кој може да влезе кој сака кога сака.Нема такво нешто. Ги боли многумина очигледно. Тоа е нивен проблем. Тоа се обидуваат да го уништат,се почувствува и во квалификациите. Пласманот на Мундијалот се обидуваа да го прикажат како случајност, како да немаат поим. Тоа се споредни фактори кои постојано ќе ги имате. Свесен сум за тоа, имате противници, нормално“, посочи Стојковиќ.