Фудбал
Драма на „Стемфорд Бриџ“, Челзи во 96. минута се спаси од пораз
Вистинска драма денеска се случуваше во Лондон на „Стемфорд Бриџ“ каде Челзи го пречека Манчестер Јунајтед.
Во првиот натпревар од 9. коло во англиската Премиер лига Челзи успеа да остане непоразен во самата завршница од натпреварот. Избраниците на Жозе Мурињо во второто полувреме успеаа да дојдат до водство од 1:2, но сепак на крајот Челзи и Јунајтед ги поделиа бодовите.
Резултатот го отвори Антонио Рудигер во 21. минута од натпреварот. Вилиан одлично нафрли од корнер, а Рудигер со глава ја смести топката во голот и му донесе предност на Челзи од 1:0.
Со овој резултат фудбалерите на двете екипи заминаа на пауза.
Во второто полувреме Манчестер Јунајтед покажа значително подобра игра отколку во првиот дел од натпреварот. Црвените ѓаволи со двата гола на Антони Марсијал успеаа да дојдат во водство.
Марсијал успеа да ја затресе мрежата на Челзи во 55. минута за изедначување на резултатот на 1:1, а во 73. минута успеа да погоди за пресврт и му донесе водство на Манчестер Јунајтед од 2:1.
Сепак, во судиското надополнување, односно во 96. минута од натпреварот Рос Баркли успеа постигне гол за израмнување на резултатот на 2:2.
После девет одиграни кола во Премиер лигата Челзи има освоено 21 бод, а Манчестер Јунајтед 14 бодови.