Connect with us

Фудбал

Драма во болницата: Фудбалерот на Велс се онесвести по дуелот со Чичарито

Репрезентацијата на Велс пред неколку дена, одигра пријателски натпревар против селекцијата на Мексико, кој заврши со резултат 0:0.

Сепак, натпреварот во Лос Анџелес беше обележан со повреда на дефанзивецот на Велс, Ешли Вилијамс, кој по 20 минути игра мораше да го напушти теренот. Вилијамс заврши на тревата по дуелот со Чичарито, во кој здоби повреда на реброто и не можеше да го продолжи натпреварот.

Но, вистинската драма се одвиваше во болница во Беверли Хилс, каде што Вилијамс ја изгубил свеста кога неговите бели дробови за миг застанаа со работа поради фрактура на ребрата. Лекарите реагираа брзо и сигурно, и го спасија играчот на Велс.

„Кога дојдов во болница дозна дека има две ребра скршени и тогаш во еден момент јас едноставно ја изгубив свеста. Кога се разбудив, ми беше кажано дека белите дробови за момент престана да работат. Му благодарам на секој во болницата Роналд Реган, бидејќи тие ја завршија работа на најдобриот начин“, рече Вилијамс.