Connect with us

Фудбал

Драма во Русија: Се запали авионот во кој беа репрезентативците на Саудиска Арабија

Саудиска Арабија беше поразена во првиот натпревар од Русија во москва на отворањето на Мундијалот, а следниот противник им е Уругвај. Натпреварот се игра на стадионот во Ростов, а фудбалерите на Саудиска Арабија ја доживеаа првата драма на летот за овај град.

Имено, селекцијата на Саудиска Арабија допатувала во Ростов со авионот на руска авиокомпанија, но беа во голем шок затоа што им се запали авионот додека беа во воздух. Десниот мотор на авионот одеднаш се запали, а откако тоа го видоа патниците настана голема паника.

Меѓутоа, пилото му кажа дека се е под контрола, и дека без проблем ќе стигнат до Ростов. Откако авионот слета на аеродромот во Ростов, фудбалерите на Саудиска Арабија немаа ниту „грам“ снага да дадат изјави за присутните медиуми поради шокот кој го доживеаа.