Други спортови
Драмата на Австралија опен: Шаповалов збесна затоа што не му беше дозволено да оди во тоалет (ВИДЕО)
Канадскиот тенисер Денис Шаповалов го победи Јаник Синер во еден од најдобрите натпревари на стартот на Австралија опен.
Шаповалов го совлада Синер по скоро четири часа борба и пет сета. Беше 3:6, 6:3, 6:2, 4:6, 6:4.
Покрај драмата во самата игра, четвртиот сет го одбележа и невообичаена ситуација. Шаповалов побара од судијата да го пушти во тоалетот, но тој не доби дозвола.
Претходно, Канаѓанецот побара помош од физиотерапевт, па судијата веројатно не сакаше да му даде уште една пауза, но тоа не му се допадна на тенисерот и почна да вика.
„Што ако одам во тоалет? Дали ќе ме казниш? Не ми е гајле. Не можам да го издржам тоа, ќе мочам во гаќи. Ќе морам да мочам овде на терен, во шише? Не можете да им забраните на тенисерите да одат во тоалет“, рече Шаповалов.
"I'm going to pee in a bottle." ???
Denis Shapovalov isn't happy with the toilet break rule.
WATCH: @Channel9
STREAM: https://t.co/TYsz5RZN3Z #9WWOS #AusOpen pic.twitter.com/X9PYABlOH4— Wide World of Sports (@wwos) February 8, 2021