Ракомет
Драматичен натпревар во Битола, Еурофарм ја бележи првата победа во ЛШ
Крајно драматичен натпревар се одигра денеска во Битола каде Еурофарм Работник го пречека тимот на Кокс.
„Фармацефтите“ одлично го започнаа натпреварот. Тимот од Битола уште на почетокот со серија од четири гола успеа да направи разлика од +4 (6:2). Оваа разлика Еурофарм практично ја одржеше до самиот крај на првото полувреме и благодарение на одличната игра ракометарите на пауза заминаа со резултат 17:13.
Второто полувреме гостите успеаа да ја „стопат“ предноста на Еурофар и го изедначија резултатот на 22:22. Кокс покажа значително подобра игра во другото полувреме и го отежна патот на Еурофарм кон првата победа во Лигата на шампионите.
На самиот крај на натпреварот, гостите имаа шанса да заминат од Битола непоразени, но Никола Митревски не дозволи да се затресе неговата мрежа и Еурофарм ја забележа првата победа на европските патеки со 31:30.