Тајмаут
Дресот на Леброн Џејмс на аукција достигна неверојатна цифра
Дресот на Леброн Џејмс од годинашниот натпревар Ол Стар достигна неверојатна цифра на аукцијата.
Предмети од натпреварот Ол Стар во Чикаго, кој беше целосно посветен на трагично загинатиот Коби Брајант, беа продадени на аукција и исплатените пари одат во добротворни цели.
Дресот што го носеше Џејмс е продаден за дури 630 000 долари, а целата сума ќе биде исплатена во Фондацијата Мамба и Мамбацита посветена на Коби и неговата ќерка Џиана.
Голем дел од оваа сума ќе биде платена на сметките на семејството на останатите седум жртви во хеликоптерската несреќа, а остатокот ќе оди во фондацијата за да им помогне на сиромашните луѓе ширум светот.
Потсетете се дека на натпреварот Ол Стар, Тим Леброн ги носеше дресовите со број 2, кој го носеше Џиана Брајант, додека Тим Јанис го носеше бројот на Коби, 24.