Ракомет
Дрогришки пред портите на Еурофарм Работник!
Досегашниот ракометар на Металург и македонски репрезентативец Стефан Дрогришки го напушти македонскиот вицепрвак и се врати во Битола, но не во матичниот Пелистер, туку во Еурофарм Работник, пишува 24 Ракомет.
Битолчанецот потпиша договор и ќе треба да ја пополни средната бековска позиција во составот на тренерот Андон Бошковски. По Пелистер и Металург, со кој играше во Лигата на шампионите и СЕХА Лига, Еурофарм Работник ќе биде третиот клуб во кариерата во Дрогришки.
Договорот меѓу управите на двата клуба треба да се официјализира утре, откако битолчани ќе го исплатат договореното обештетување и Дрогришки ќе биде дел од тимот на Еурофарм Работник. Бекот има желба да се приклучи на битолскиот состав уште оваа недела, но едно е сигурно дека нема да патува за Украина, на мечот од ЛШ што Металург ќе игра против Мотор Запорожје.
Еурофарм Работник тим освен во македонската Суперлига, сезонава ќе биде дел и од Челинџ Купот, каде за противник во третото коло го има литванскиот Каунас.
Извор: 24 ракомет / Душко Андов