Connect with us

Други спортови

Државно првенство во друмски велосипедизам во Куманово

Државно првенство во друмски велосипедизам ќе се одржи денеска во Куманово, во организација на велосипедскиот клуб Вело-М Термалифт во соработка со Велосипедската федерација на Македонија и Општинскиот сојуз на спортови на Куманово.

Државното првенство во друмски велосипедизам се смета за најпрестижна трка во рамки на една нација, а победникот на трката ќе добие титула државен првак на Македонија, информира организаторот.

Куманово, како и во претходните години, така и годинава е домаќин на оваа манифестација, а патеката на која ќе се вози е Куманово – Крива Паланка – Куманово за категорија сениори, јуниори и мастерс, додека пак, помалите кадети и категорија жени ќе возат на релација Куманово –Страцин – Куманово.

Трката ќе почне на плоштадот во Куманово во 10 часот, а стартот ќе го означи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Целта ке биде на градскиот кеј.