Фудбал
Дури и навивачите ги заборавија: Манчестер Јунајтед го потврди заминувањето на двајца играчи
Манчестер Јунајтед ќе направи „чистка“ во својата соблекувална на крајот од оваа сезона бидејќи некои играчи веќе некое време не се во плановите на Оле Гунар Солскјер.
„Црвените ѓаволи“ имаат многу повеќе играчи во нивниот играчки кадар отколку што им требаат, а Солсјаер направи избор на оние на кои смета и на оние на кои отворено им даде до знаење дека можат да го напуштат клубот.
Меѓу играчите кои сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето се репрезентативците на Аргентина, Маркос Рохо и Серхио Ромеро.
Договорите на овие играчи со Јунајтед истекуваат на крајот на оваа сезона, а англискиот клуб потврди дека тие нема да бидат продолжени, и дека Ромеро и Рохо ќе го напуштат клубот како слободни агенти.
Рохо пристигна во Јунајтед пред скоро седум години од Спортинг и во моментов игра на позајмица во Естудијантес. Ромеро се уште е на „Театарот на соништата“, но ја има улогата на трет голман, па многу фанови заборавија дека тој е член на овој клуб.
Ромеро пристигна во Јунајтед летото 2015 година од Сампдорија, но никогаш немаше улога на прв голман.