Фудбал
Дури пет нови имиња на списокот на Ангеловски за делот со Грузија
По ремито со Естонија (3:3), Македонија ја очекува нов фудбалски меч во Лигата на нации и тоа против Грузија. Не во финалето од Плејофот, туку ова ќе биде меч од новата сезона од Лигата на нации. Со истиот противник за пласман на ЕП ќе играме на 12-ти ноември.
Ова ќе биде како генерална проба. Селекторот Ангеловски за оваа пресметка ќе има пет нови имиња. На репрезентацијата ќе и се приклучат Дориев и Тотре од Шкендија, потоа Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП, а и Агрон Руфати, кој ќе биде прекомандуван од младинскиот и сениорски погон.
Во опција биле и Стефан Ашковски и Давид Бабунски, но комплицирано е нивното доаѓање поради мерките поради Ковид 19. Дуелот Македонија-Грузија се игра за два дена во Скопје.