Connect with us

Фудбал

Душан Влаховиќ повторно се поврзува со Реал Мадрид!?

По казната со одземање бодови на Јувентус, се погласно се зборува за судбината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, а сега ни доаѓа бомбастична вест од Шпанија.

Како што пренесува шпански Ас, Реал Мадрид е на прагот да потпише договор со напаѓачот на Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Јувентус се најде во големи финансиски проблеми бидејќи му беа одземени 15 бода во Серија А, поради што следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Ас наведува дека добил веродостојни информации дека Јувентус во зимскиот преоден рок преговарал за продажба на Влаховиќ со клуб од Премиер лигата.

„Целта беше да се продаде еден од најскапите фудбалери во историјата на Јувентус, кој требаше да биде лидер на играта до 2030 година. Тој сега стана „товар“ и Јувентус мора итно да се ослободи од српскиот фудбалер. Во зимскиот преоден рок Јувентус се договори за трансфер со Манчестер Јунајтед. Оштетувањето требаше да изнесува 100 милиони евра, а со бонуси да се искачи до 120 милиони евра.Сепак зделката во последен момент ја расипа менаџерот на српскиот напаѓач“, објави Ас.

Шпанските медиуми истакнуваат дека раководството на Реал ја следи целата ситуација со Влаховиќ, бидејќи мадридскиот клуб е во пријателски односи со Јувентус, поради што трансферот треба да биде официјализиран најдоцна до крајот на сезоната.

Ова не е првпат Влаховиќ да се поврзува со Реал, слична информација пред една недела даде и ЕСПН, кој тврди дека Србинот ќе биде нов напаѓач кога Карим Бензема ќе го напушти клубот.

Влаховиќ (23) пристигна во Јувентус во јануари минатата година од Фиорентина за околу 80 милиони евра. Српскиот напаѓач оваа сезона одигра 21 натпревар за торинскиот клуб и постигна 10 голови.