Connect with us

Фудбал

Два градови останаа без организација на Европското првенство

УЕФА денес донесе одлука да ги отстрани Билбао и Даблин од списокот на градови што ќе бидат домаќини на Европското првенство ова лето.

Билбао нема да биде домаќин бидејќи локалните власти не сакаат да дозволат гледачи на стадионот „Сан Мамес“. На УЕФА не и се допаѓа тоа, па го раскина договорот со главниот град на Баскија во Шпанија.

На стадионот на кој игра Атлетик Билбао требаше да се одигра натпревар од групата Е на Европското првенство, како и еден натпревар од осминафиналето.

Организацијата на овие натпревари најверојатно ќе остане во Шпанија и ќе биде префрлена во Севилја на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.

Даблин исто така ја изгуби својата организација, веројатно од истата причина како Билбао, а навивачите се тие, кои со одлука на тамошната Влада, не можат да одат на стадионите. Натпреварите од Даблин ќе бидат префрлени во Санкт Петербург, кој веќе е избран за еден од домаќините на Европското првенство.

Други градови домаќини, како што се Амстердам, Рим, Букурешт, Баку, Будимпешта, Лондон, Минхен, Санкт Петербург, Глазгов и Копенхаген, веќе дадоа зелено светло за присуството на навивачите.