Connect with us

Фудбал

Два италијански и еден шпански клуб преговараат со Агуеро

Серхио Агуеро ќе стане слободен агент на лето и многу великани се борат за неговиот потпис.

Искусниот аргентински напаѓач нема да остане во Манчестер Сити во сите прилики и ќе го напушти „Етихад“ во слободен трансфер, но засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Постојат голем број на екипи кои го чекаат Агуеро и според странските медиуми, засега тројцата великани преговараат со Агуеро и го убедуваат да дојде во нивните редови.

Тоа се Јувентус, Барселона и Интер. Италијанските великани, исто како и каталонскиот гигант, во јануари се обидоа да донесат центарфор и сосема е логично нивното внимание да биде свртено кон 32-годишниот голгетер, кого можат да го добијат бесплатно.

Јувентус на сличен начин го донесе Карлос Тевез од Манчестер Сити во 2013 година.