Фудбал
Двајца кандидати во трката за менаџер на Арсенал
Списокот за тренер на Арсенал се сведе на само две имиња.
Во медиумите, во последните денови можевме да прочитате голем број на имиња кои беа поврзувани со менаџерското столче на Арсенал, но администрацијата на Арсенал заедно со Свен Мислинант, една од главните скаути на клуб, листата ја скратија на само две имиња.
Овие информации на својот профил на Твитер ги споделил добро известениот дописник на Би – Би Си Давид Орнстен .
Според неговите извори, првиот од двата кандидати е сегашниот менаџер на Јувентус, Масимилиано Алегри. Во случај да го наговорат Италијанецот да го преземе кормилото на Арсенал, челниците на на Арсенал ќе му даде одврзани раце кога станува збор за трансфер на играчи.
Во Италија тврдат дека таков исход е речиси невозможен и дека на челниците на Старата дама не му паѓаат во умот да се откажат од тренерот кој им ја донесе четвртата двојна круна по ред.
Ако нема ништо од Алегри, челниците на лондонскиот клуб ќе се свртат кон ангажманот на поранешниот играч на Арсенал и првиот помошник на Гвардиола во Сити, Микел Артета.
Сепак, ќе го чекаме конечниот исход, и само кога од Алегри ќе го слушнеме конечно „не“, сопствениците на Арсенал ќе се свртат кон Артета, кој во овој момент се чини дека е пореална опција од италијанскиот стручњак.
Арсен Венгер ќе седи последен пат на клупата на Арсенал во натпревар со Хадерсфилд, кој започнува во 16:00 часот.