Connect with us

Други спортови

Двајца олимписки шампиони паднаа на допинг тест

Меѓународната федерација за дигање на тегови (ИЊФ), соопшти дека  петмина кревачи на тегови, меѓу кои и двајца олимписки шампиони биле позитивни на повторениот допинг тест.

За време на повтореното тестирањее констатирано дека освојувачот на златен медал во категоријата до 105 килограми, Украинецот Олексеј Торохи користел недозволено средство, а позитивен  бил и освојувачот на бронза во категорија до 56 килограми Азербејџанецот Валентин Христов.

Освен нив на повтореното тестирање паднаа и Узбекистанецот Руслан Нурудинов, кој осови злато во категорија до 105 кг на Олимписките игри во Рио во 2016 година, Белорусинот Николај Николов и Ерменецот Малени Далузња.

Меѓународниот оломписки комитет (ИОК) ќе одлучи за казната на овое спортисти, се вели во соопштението на Меѓународната федерација за крвање тегови.