Connect with us

Фудбал

Две години не играа, сега Јоаким Лев реши да ги врати во репрезентацијата на Германија

Селекцијата на Германија, односно селекторот Јоаким Лев реши на ЕП да настапи со проверени сили. Она што е интересно, а впрочем се најавуваше е тоа што во националниот тим се враќаат Томас Милер и Матс Хумелс. Иако две години немаат настап за репрезентацијата, сепак Лев смета дека тие ќе бидат од голема корист за континенталниот собир. Инаку, Јоаким Лев по ЕП заминува од кормилото на Германија.