Фудбал
Две години од смртта на Емилијано Сала: Семејството доби нови одговори, но …
Поминаа точно две години од смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала.
Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон починаа на 21 јануари 2019 година, по авионска несреќа во Ла Манш. Сала патувал од Нант до Кардиф во кобниот лет за да потпише договор.
Семејството на Емилијано Сала се уште чека на многу одговори, две години по несреќата. Многу се шпекулираше, но сè уште ја нема вистината. Најновите информации што протекоа во аргентинските медиуми велат дека причина за несреќата е дефект на моторот на авионот, но тивко се споменува и промената на пилотот на фаталниот лет.
Исто така, семејството на аргентинскиот фудбалер сè уште не добило каква било форма на помош, иако имаше ветувања од клубовите, но и од Аргентинскиот фудбалски сојуз.
Two years since the death of footballer Emiliano Sala, his family are still awaiting answers about how he died.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 21, 2021