Connect with us

Фудбал

Две причини зошто Суарез нема да потпише за Јувентус

Роналд Куман му порачал на Луис Суарез пред неколку недели дека не смета на неговите услуги во новата сезона и дека може да побара нов тим. Уругваецот се поврзуваше со Јувентус, но сега е јасно дека од тоа нема да има ништо.

Според најновите информации, во Барселона се предомислиле, па Суарез најверојатно останува. Иако го положи италијанскиот јазик и беше во Италија, сепак напаѓачот нема да потпише за Јувентус ова лето.

Првата причина е тоа што Јуве сака да го регистрира како домашен играч, а пасошот Суарез ќе го добие дури наредната година. Втората причина е тоа што Андреа Пирло одлучил во овој преоден рок да биде ангажиран Един Џеко, а не Суарез. Наскоро се очекува и да биде официјализиран трансферот на Босанецот.