Фудбал
Двете аргентински ѕвезди се заслужни за откажувањето на натпреварот во Ерусалим
Контроверзниот пријателски натпревар меѓу Израел и Аргентина (9 јуни) беше откажан од страна на гостинската екипа.
Палестинците испратија жестоки апели, дури и го запалија дресот на Меси, со цел да го спречат гостувањето на оваа јужноамериканска репрезентација во Ерусалим.
На Палестинците најмногу му засмета тоа што натпреварот требаше да се одигра во квартот на Ерусалим, Махл, место каде што се комеморира уништувањето на палестинското село од страна на израелските војници пред 70 години.
По сите овие притисоци, Аргентинците потврдија дека нема да го одиграат натпреварот, а наводно, двајцата играчи на Аргентина ја покренале иницијативата.
Имено, Лионел Меси и ветеранот Хавиер Маскерано, заедно со тренерот Сампаоли, беа цврсти во одлуката да го откажат натпреварот.
Аргентинските медиуми тврдат дека натпреварот е откажан, иако се уште се чека официјалната потврда од Аргентинската фудбалска федерација.