Connect with us

Фудбал

Еден е Гранде, Џенова се врати во Серија А, Пандев специјален гостин (ФОТО+ВИДЕО)

Екипата на Џенова го совлада Асколи со 2:1 и собра 70 бодови, доволно за да на две кола пред крајот го осигура директниот пласман во Серија А. Џенова само една сезона помина во Серија Б, а специјален гостин на овој меч беше нашиот Горан Пандев, кој доби дрес. Пандев за Џенова играше од 2015-та до 2022 година. Одигра 176 мечеви и постигна 28 голови.