Фудбал
Еден игра кошарка, друг се занимава со недвижен имот-што прават фудбалерите кои пред осум години во дресот на Аргентина играа финале на СП?
Аргентинците повторно се финалисти на најголемото фудбалско шоу, а само двајца играчи од сегашниот состав, беа и пред осум години во тимот на Аргентина, кога го играше последното финале.
Во споредба со тимот предводен од Алехандро Сабела во Бразил 2014 година, кога загубија од Германија со 1:0, само двајца играчи ќе имаат можност да играат во своето второ финале – Лионел Меси и Анхел Ди Марија.
Повеќето од нив се уште се занимаваат со фудбал, некои станаа градежни работници, а некои го променија спортот.
Добар дел од репрезентативците останаа во аргентинскиот фудбал: голманот Серхио Ромеро и Маркос Рохо денеска играат за Бока Јуниорс, а на ривалската страна се Мартин Демикелис како тренер и Енцо Перез како играч на Ривер Плата.
Хавиер Маскерано е селектор на Аргентина за играчи до 20 години, а улогата на тренер ја има и Фернандо Гаго кој го води Расинг.
Лукас Биља е член на Башакшехир, Пабло Забалета е амбасадор на Манчестер Сити додека Гонзало Игуаин е блиску до пензија (договорот со Интер Мајами му истекува на крајот на декември).
Родриго Паласио игра кошарка во Гарењан (Серија Д), а Езекиел Лавеци ја презеде улогата на телевизиски коментатор.

Надвор од светот на спортот е Езекиел Гарај, кој се занимава со недвижен имот, а Серхио Агуеро, кој релативно неодамна се пензионираше поради здравствени проблеми, е генерален директор на „eSports“, компанија која развива мултимедијални содржини.
Аргентина против Франција в недела го игра големото финале.