Connect with us

Други спортови

Еден од главните фаворити отпадна од Австралија опен; Надал одигра тај-брејк за кој ќе се зборува

Австралија Опен остана без еден од главните фаворити за конечна победа.

Александар Зверев беше поразен од Денис Шаповалов и доста убедливо со резултат 3:0 во сетови.

Еден брејк беше доволен за Канаѓанецот да го добие првиот сет (6:3). Вториот сет изобилуваше со пресврти, Зверев имаше 5:3, но Шаповалов се врати и го однесе сетот во тај брејк кој на крајот го доби со 7:5.

Германецот беше толку нервозен за време на натпреварот што во еден момент го скрши рекетот.

Во третиот сет 14-от светски рекет му го одзеде сервисот на противникот во вториот гем, до крајот беше убедлив на својот сервис и тој дел од играта го реши во своја корист со 6:3.

Понатаму отиде Рафаел Надал кој за речиси три часа игра го совлада Адријан Манарин со убедливи 3:0 во сетови.

Првиот сет донесе епски тај-брејк кој траеше дури 22 минути. И двајцата тенисери имаа по неколку сет топки, се забележаа низа пресврти, а на крајот поуспешен беше Надал кој ја искористи само седмата сет топка.

Шпанецот психички го разби ривалот и без проблем ги доби следните два сета со идентичен резултат 6:2 и 6:2.