Connect with us

Фудбал

Еден од најдобрите играчи го шокираше Вардар, замина во Гостивар

Симеон Христов, еден од позабележителните играчи на ФК Вардар, во новата година ќе има нов клуб. Во продолжението од сезоната ќе го носи тимот на Гостивар. Ова малку е изненадувачки потег на Христов, бидејќи Гостивар е еден од најголемите ривали на Вардар за пласман во Првата лига.

Вардар за Христов беше матичен клуб, а играше и за Пелистер, Брегалница Штип, Тетекс, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија ЃП, Тиквеш, Борец и Работнички. Во странство настапуваше за Влазнија, Јужен Мијанмар, унгарските Вашаш и Егер.