Connect with us

Фудбал

Еден српски играч му пришол на Роналдо и кратко му се обратил

Кристијано Роналдо остана во солзи по поразот на Португалија од Србија.

Србија славеше со гол во 90. минута и отиде директно на Светското првенство во Катар, додека Португалците шансата ќе ја бараат преку баражот.

Камерите го снимиле Роналдо многу тажен, а нему му пришла Немања Радоњиќ кој имал краток разговор.

Во стилот на вистински спортист му пружи поддршка на најдобриот играч на светот.

„Му реков да ја крене главата“, изјави Радоњиќ за Телеграф.

„Фудбалот уште еднаш ни покажа дека потешкиот пат понекогаш нè води до најпосакуваните исходи. Вчерашниот резултат ни беше тежок, но не доволен за да не сруши. Целта за пласман на Светското првенство се уште е жива и знаеме што треба да направиме за да го постигнеме тоа. Нема оправдувања. Португалија оди во Катар“, рече Роналдо ден по натпреварот.

Реклама

Facebook

Реклама