Connect with us

Фудбал

Едерсон потпиша нов договор со Сити

Бразилскиот голман Едерсон (28) потпиша нов договор со Манчестер Сити.

Одличниот чувар на мрежата се договори за нова петгодишна соработка и ќе остане во клубот до јуни 2026 година.

Бразилецот истакна дека е многу задоволен што останува во клубот каде што е од 2017 година.

“Го очекував ова откако разговарав со клубот. Се фокусирав на играта, агентот завршуваше се со клубот. Мило ми е што постигнавме договор”, рече Едерсон, додавајќи:

“Тоа значи продолжување на соработката. Среќен сум во клубот, градот, семејството е добро решено и имам чувство дека навивачите ме сакаат. Се е многу позитивно и тоа значи дека мојата напорна работа е препознаена. Ќе продолжете да работите напорно за да освојувате нови трофеи.“, истакна бразилскиот голман.

Откако пристигна од Бенфика во 2017 година, Едерсон одигра вкупно 194 натпревари и освои 10 трофеи.