Connect with us

Фудбал

Единсон Кавани на чекор од потпис за шпанскиот тим

Единсон Кавани (35) е многу блиску до потпишување договор со Реал Сосиедад.

Неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната, а уругвајскиот напаѓач е во искушение да ја прифати понудата на Сосиедад.

Според „AS“, Реал Сосиедад смета дека Уругваецот е совршена замена за Александер Исак, Швеѓанецот кој е посакуван од неколку важни клубови во Европа.

Каваните немаат најдобра сезона придружена со повреди во Манчестер, но од Реал Сосиедад се оптимисти дека јужноамериканскиот напаѓач ќе се врати во добро познатата форма и ќе му помогне на тимот да се пласира во Лигата на шампионите.

Сега веќе легендарниот Кавани импресионираше во Серија А играјќи за Палермо и Наполи, потоа за 55 милиони евра премина од Наполи во ПСЖ и стана најдобар стрелец на сите времиња за Парижаните со 200 гола, а во 2020 година потпиша како слободен играч за Црвени ѓаволи, но таму најмногу влегува од клупата.