Connect with us

Фудбал

Еднаш претрпе срцев удар на теренот, еве 5 работи што не ги знаете за новиот тренер на Милан!

Стефано Пиоли веќе пред неколку дена е прогласен за нов тренер на Милан, заменувајќи го Марко Џампаоло. Со назначувањето тренер на Милан, 53-годишниот стратег успева да стане дел од трите најголеми клуба во Италија. Пиоли претходно беше играч на Јувентус, а се обиде и да го тренира Интер.

Ова е една од работите што многу малку луѓе ја знаат за новиот кормилар на Милан. Подолу се дадени пет работи што можеби не сте ги знаеле за Стефано Пиоли, кој во минатото претрпе срцев удар.

1. Неговата страст не е само фудбалот. Пиоли е исто така опседнат со кошарка, велосипедизам и риболов.

2. Со назначувањето за тренер на Милан, тој успева да биде дел од трите најголеми екипи во Италија. Во Јувентус беше како играч, тренер на Интер и сега Милан.

3. Се повлече од фудбалот во 1999 година, каде играше за екипата на Колорно со својот брат.

4. Додека играше за Фиорентина во 1994 година, Пиоли претрпе срцев удар. Тој беше принуден да остане во болницата неколку дена додека не закрепне.

5. Тој е оженет со Барбара, жена која ја познаваше на училишните клупи.