Connect with us

Фудбал

Египет на нозе: Салах уште еднаш покажа дека е чудотворец

До почетокот на Светското првенство во Русија останаа уште пет дена, а репрезентациите полека влегуваат во завршниот дел од подготовките за она што ги чека во наредниот месец.

Мундијалот ќе биде отворен со натпреварот од групата А каде ќе се сретнат домаќинот Русија и Саудиска Арабија, додека другиот натпревар од оваа група ќе биде одигран еден ден подоцна. За овој натпревар се зборува доста време, односно дали Египет ќе може да смета на својот најдобар фудбалер Мохамед Салах.

Како што е добро познато Салах го повреди рамото во финалниот натпревар од Лигата на шампионите и беше под знак прашалник за настап на Мундијалот. Египќаните веруваа во чуда, и беше најавено дека Салах би можело да го пропушти само првиот натпревар против Уругвај, но како што стојат работите сега, ќе биде подготвен и за тој натпревар.

Медиумите во Египет објавија дека Салах е целосно опоравен и  се очекува да се приклучи на екипата. Се очекува Салах уште утре ќе се приклучи на тренинзите, што значи дека ќе биде во конкуренција за натпреварот против Уругвај. Тоа го потврди и фудбалската федерација на Египет со објавата на Инстаграм „Легендата е подготвена“.