Connect with us

Фудбал

Егото на Роналдо ги проби границите и го растури пријателството: Однесете ме во Баерн или Челзи, или завршивме!

Кристијано Роналдо и Жорге Мендеш неодамна ја прекинаа повеќедецениската соработка, но и пријателството. Во претходните месеци бевме сведоци на необјаснивите потези на Кристијано Роналдо, кој едноставно не можеше да ја сокрие својата егоцентричност. Ако во тоа интервју со Пирс Морган излезе како его-манијак, тогаш само позадината на разделбата со Хорхе Мендеш е посебна приказна.

Весникот „Ел Мундо“ дури денеска од свои извори ја откри целосната позадина на приказната. Верувале или не, Роналдо летово му постави ултиматум на Мендеш кој гласела:

„Однесете ме во Челзи или Баерн Минхен, или ќе завршиме!“.

Вистина, бидејќи Роналдо одби да оди на тренинзите на Јунајтед, несреќен и подготвен да си замине, се шпекулираше и за Челзи и за Баерн. Ниту Оливер Кан, како алфа и омега на Баерн, ниту Томас Тухел, кој сепак го имаше главниот збор во тие моменти, не го сакаа Роналдо бидејќи не се вклопуваше во нивниот систем. Американецот Тод Боли, погодувате, го сакаше Роналдо, веројатно чисто поради маркетиншки потпора, но на крајот Тухел, кој беше тренер на тимот во тоа време, пресекол. Баерн е посебна приказна за начинот на кој функционира и цел свет знае дека не постојат услови под кои Баварците би му дозволиле на Роналдо да им ја наруши целосната хиерархија и јасен систем на функционирање.

 

 

Advertisement