Ракомет
ЕХФ го менува календарот, најголема штета за нашиот европски првак Вардар
Францускиот реномиран весник „Л’Екип“ пишува дека ЕХФ ќе го активира планот кој се однесува на директен Ф4 во ракометната елита, без одигрување на натпревари во нокаут-рундата.
Тоа би значело дека во Келн ќе настапуваат ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем, а јасно е дека ЕХФ нема да се откаже од фајнл-фор турнирот поради приходот кој го добива од овој настан.
Од тоа најмногу ќе трпи македонскиот и европски ракометен првак Вардар кој ако се остварат најавите, ќе биде елиминира без борба.
Ф4-турнирот во машката ЛШ е најавен на 22 и 23 август, додека во женската ЛШ датумите се 5 и 6 септември.