Фудбал
Екс фудбалер на Милан, Тотенхем, Барселона преку ноќ потпиша за новиот тим на Берлускони
Екипата на Монца сезонава обезбеди пласман во Серие Б, а како што најавија челниците целта е Серие А. Поради тоа ангажираат искусни фудбалери. Еден од нив е Кевин Принс Боатенг, поранешен играч на Милан, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Шалке, а кусо време беше на позајмица и во Барселона каде што не се снајде најдобро.
Со Монца раководат Силвио Берлускони и Адријано Галијани под чие раководство Милан ги постигна најголемите успеси.