Connect with us

Фудбал

Ексклузива на британски „Сан“: Меси го сака „лудакот“ за тренер на Барселона

Тренерот на Барселона, Кике Сетјен, се наоѓа на излезна врата на каталонскиот клуб, а Меси веќе има решение за негова замена. Секако уште од порано Аргентинецот не крие дека не е задоволен со работата на Сетјен, тоа јавно неколку пати го кажал, па најверојатно следната сезона, Барселона ќе има нов тренер, бидејќи како што е познато и за ваквите работи Меси во голема мера се прашува.

Англискиот „Сан“ открива дека ѕвездата на Каталонците ги убедува челните луѓе да му го „украдат“ на Лидс тренерот Марсело Бијелса, во јавноста познати по прекарот „Лудакот“.


Договорот на Бијелса со Лидс, за кој настапува и нашиот Езгјан Алиоски и кој обезбеди пласман во Премиер лигата, му истекува на крајот на летово, па Аргентинецот сака Барселона да ја искористи оваа ситуација.

Меси наводно смета дека токму Бијелса би бил идеално решение за тренерската позиција. Да потсетиме дека Барселона сезонава остана без трофеј во Шпанија, а единствениот фронт за пехар и остана Лигата на шампионите. Доколку не успеат и таму, тоа ќе биде прв пат по 2008-ма година, Барселона да не освои ниту еден пехар.