Connect with us

Фудбал

ЕКСКЛУЗИВНО: 9 бугарски навивачи се приведени во Скопје

„Приведени 9 бугарски навивачи поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот Шкупи-Левски“, потврдуваат за 4NEWS.mk од Министерството за внатрешни работи.

На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.