Други спортови
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ со Свен Ханавалд и Ања Персон
Свен, Олимписките игри започнуваат за неколку дена. Што може да очекуваат фановите, особено од конкуренцијата во ски скокови?
Свен: Мислам дека ќе биде возбудливо. Видовме како се одвиваше сезоната и дека дури и Камил Стох може да нема среќа и да го пропушти вториот круг во Закопане, неговиот домашен терен. И тогаш, повторно покажува дека е силен, може да се носи со тоа. Од друга страна, Ричард Фрајтаг мора да се истакне. Од германска перспектива, се надевам на тимска медала, можеби и повеќе.
Времето игра огромна улога. Температури до -20 степени, често силни и непредвидливи ветришта. Какво влијание имаат надворешните фактори на скокањето?
Свен: Дефинитивно бара приспособување. Јас своите искуства ги стекнав во Кусамо каде што секогаш имав проблеми со ладното време и навистина не можев да се справам со тоа. Тука останувате три недели, па мора да се прилагодите што е можно побрзо. Ветерот ќе биде голем проблем. Мора да се надевате дека ќе бидете во скок во вистинско време.
Ричард Фрајтаг, Андреас Велингер, Маркус Ајзенбихлер – дали некој од нив ќе успее да скокне на подиумот? Можеби дури и на врвот?
Свен: Ќе ми биде многу драго. Тешко е да се стигне до самиот врв. Тука се Стох, исто така и Хула, кој има неверојатен скок и одлична техника. Затоа ќе мора да почекаме и да видиме. Но, среќен сум за секој медал и да бидам искрен не ми е битно каков медал е се дури германското знаме е таму некаде.
Полскиот тим е многу повеќе од Камил Стоџ- Хула, Кубацки, итн. Што очекувате, како тие ќе настапат?
Свен: Ако се земат в предвид резултатите од светскиот куп, очекувам дуел помеѓу Полска и Норвешка. Германците може да освојат злато исто така, но сепак мислам дека ќе биде сребро или бронза.
Ја спомена Норвешка. Тимот станува се подобар оваа зима. Танде победи на “пробата” во Вилинген првиот ден, Форфанг на вториот. Ќе бидат во одлична кондиција и со многу самодоверба, нели ?
Свен: Да, мислам дека ќе продолжат така. Ќе видиме на крајот, но тимот е дефинитивно фаворит.
Веле слалом ќе биде првиот ски алпски настан за жените на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Сегашниот лидер на Светското првенство во веле слалом е Викторија Ребенсбург. Според вас, какви се нејзините шанси? Дали е во можност најдобро да настапи на Олимпијадата и дали ќе го освои својот втор олимписки златна медал по Ванкувер 2010 година?
Многу сум среќна што Викторија Ребенсбург се врати во добра форма и таа навистина се докажа себеси и во последните неколку трки. Мислам дека таа се чувствува ментално силна. Најтешката работа за Викторија е тоа што мислам дека би сакала да има и малку спуст, и малку супер Г, кои претстојат на овие игри, за да може да го почувствува снегот и да го добие импулсот пред веле слаломот. Но, сега првиот ден ќе започне со веле слалом, така што нема да биде лесно. Ментално тоа ќе биде малку поинакво од она на што таа е навикната на Светското првенство или на Олимпијадата, но мислам дека е добро подготвена.
Единственото нешто што малку ме загрижувам е тоа што не е толку стрмно на ридот, има многу вртења и условите се навистина ладни и неповолни во моментот. Исто така има и многу добар снег – може да го споредите со Лител Бивер, тој вид на снег. Се надевам дека ќе и одговара на Ребенсбург, но мислам дека Шифрин или некои од девојките кои имаат полесен пристап ќе бидат малку попозитивни од она што го прави Ребенсбург.
Ве молам, кажете ми за двете големи италијански надежи Софија Гоџа, Федерика Бригнене – како ги оценувате нивните шанси во Пјонгчанг?
Шансите на Софија и Федерика навистина зависат од поставеноста на курсот. Тие се агресивни скијачи и тие навистина сакаат да ги вртат своите свиоци. Кога станува збор за рамен дел, не знам дали се нивната силна страна. Се зависи дали се осмелуваат да го направат тоа.
Женското алпинско скијање е полно со ѕвезди од цела Европа – Гоџа, Бригноне, Хансдотер – за кои спортисти најмногу сте возбудени да ги видите во Пјонг Чанг?
Мислам дека Шведска доаѓа со интересно име, Естел Алфанд.. Таа има татко кој навистина знае како да победи. Тоа е нејзината прва година навистина во светот и таа навистина се докажала себеси. Доаѓајќи овде како новороденче олимпиец, таа може да ги изненади сите. Таа може многу брзо да скија. Настрана од тоа, јас навистина со нетрпение очекувам да ги видам Линдзи Вон и Микаела Шифрин и да видам дали навистина можат да ги уништат сите.
Според вас, кои се фаворитите (жени) во Пјонгчанг?
Мислам дека Микаела има добри шанси да биде алпска кралица, но зависи од она со што таа влегува. Ако таа учествува во комбинираните и брзинските настани исто така влегува во паралела. Мислам дека треба да влезе. За останатите, ме интересира кој ќе земе сребро и бронза во слалом. Има еден куп девојки што навистина се блиску. Со Холинер и Фрида и Петра тоа ќе биде интересно.
Многу е ладно надвор, но дали се тоа тешки услови за скијачите овде во Пјонгчанг?
Со температурата не е проблем – проблем е кога станува збор за ветрот. Никогаш не сум искусила постуден ветар во мојот живот. За да го пробам пред неколку дена, ги извадив ракавиците и почуствував замрзнувачки студ. Мислам дека дека тие ќе имаа проблем со стапалата, не би ги чуствувале добро како што сакаат. Тоа ќе биде тактички проблем – колку долго можат да останат топли и која чизма да ја одберат за да знаат како материјалот ќе реагира на ладното.