Connect with us

Фудбал

Елиф Елмас пред дуелот со Јувентус: Никој не сака да игра против нив!

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас за клупскиот сајт на Лајпциг зборуваше за претсојниот меч од ЛШ против Јувентус, кој е на програмата утре вечер во 21:00 часот. Со оглед на тоа дека неколку години играше во Серија А, даде интервју во кое го опиша квалитетот на италијанските екипи. Вели дека, никој не сака да игра против нив.

-Секогаш е тешко да се игра против италијански тимови, особено Јувентус, еден од најголемите тимови во земјата. Сум играл против нив неколку пати и свесен сум колку опасни можат да бидат. Тие се бранат многу добро, што може да се види од моменталната статистика, но во нападот тие се исто така многу флексибилни и претставуваат вистинска закана – се на се, тие се добра екипа. Со нетрпение го очекувам натпреварот, сигурно ќе биде возбудлив, особено со оглед на тоа што сме тука во Лајпциг пред нашите навивачи, вели Елиф Елмас, кој притоа додава:

-Тиаго Мота заврши фантастична работа во Болоња, ја однесе во Лигата на шампионите. Замислувам дека очекувањата од него се многу големи – Јувентус играше многу поодбранбено под водство на својот поранешен тренер. Сепак, Јувентус сè уште не прими гол во пет првенствени натпревари, така што ќе мора да работиме напорно за да најдеме простор во нападот, вели македонскиот фудбалер.