Connect with us

Фудбал

Елиф Елмас за мечот со Ерменија: Без разлика што е пријателски, кога се игра за Македонија секогаш се оди на победа

Според репрезентативецот Елиф Елмас, секогаш кога се настапува за репрезентацијата се игра за победа.

– Исто како и на претходниот натпревар ќе излеземе сите заедно сплотени и ќе одиграме добар натпревар и се надевам дека ќе победиме, рече Елмас.

Селекторот Милевски додаде дека сите фудбалери што се во ростерот ќе добијат шанса, но кој колкава минутажа ќе добие ќе се знае пред почетокот на средбата. Тој смета дека контролата против Ерменија е во функција на претстојните натпревари од квалификациите против селекциите на Англија и Италија, бидејќи Ерменија е квалитетен противник со добри поединци.

Натпреварот Македонија – Ерменија, од пријателски карактер, се игра утре на Стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15 часот