Фудбал
Елмас и понатаму со корона, го пропушта дуелот со АЗ
Неапол, 21октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо соопшти дека нема да може да смета на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас затоа што тој сè уште позитивен на коронавирус.
Gattuso has confirmed that Zielinski and Elmas are still testing positive for Covid-19 after 21 days.
— Everything Napoli (@NapoliAndNaples) October 21, 2020
– Зелински и Елмас се позитивни 21 ден, ќе треба да работат напорно за да се вратат во идеална форма, изјави тренерот на „неаполитанците“ пред дуелот со АЗ Алкмар во Лига Европа.
Холандскиот тим пак има дури 13 позитивни случаи на коронавирус, но натпреварот ќе се игра.
Мечот од групата „Ф“ на „Сан Паоло“ е на програма во четврток од 18,55 часот.