Фудбал
Елмас: Имаме уште натпревари, ништо не е загубено
Македонија денеска беше поразена од селекцијата на Австрија со 3:1.
По натпреварот Елиф Елмас изјави дека токму сега репрезентацијата почуствува колку е големо Европското првенство и дека се надева на позитивен резултат во селдните натпревари.
„Искрено одигравме прво полувреме добро. Сега малку го почуствувавме колку е големо ова Европско првенство, но сепак ова е добра лекција, имаме уште натпревари, ништо не е загубено. Се надевам на позитивни резултати на другите два натпревари“, изјави Елмас по натпреварот и продолжи:
„Секундите се тие што треба да ги реализираме брзо. Гледате тика како играат побрзо од нас, до нашиот гол, така да ова е една добра лекција и се надевам дека ќе учиме од ова и на другите два натпревари ке излеземе со поголема самодоверба затоа што ова е едно големо искуство за нас, прво Европско првенство, прв натпревар, имавме и малце трема, но тоа остана позади и сега треба да гледаме напред и позитивно“, додаде Елмас