Connect with us

Фудбал

Елмас постигна нов гол, го посвети на жртвите во земјотресот во Турција (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна третиот гол во победата на Наполи против Кремонезе од 3:0. Ова за него беше шести гол сезонава. Тој голот го посвети на жртвите и настраданите во земјотресот во Турција, правјеќи со рацете симбол од знамето на Турција, полумесечина и звезда. Како што е познато, Елмас во Наполи дојде пред неколку сезони од Фенербахче, Турција.