Фудбал
Елмас позитивен, Наполи доби забрана да патува во Торино, Јувентус ќе го добие мечот со службени 3:0
Елиф Елмас и Пјотр Зиелински во Наполи се позитивни на Ковид 19. Со оглед на тоа дека се појавиле позитивни и во Јувентус, тимот од Неапол од нивните градски власти доби забрана да патува во Торино. Наполи го известил и Јувентус за ова, бара одложување на мечот, но тоа нема да се случи.
Италијанската федерација предупреди дека овој дуел ќе биде регистриран со службени 3:0, а фудбалерите на Јувентус вечерва ќе излезат на теренот бидејќи шампионот нема намера да се одложи натпреварот.
Пред почетокот на новата сезона беа донесени одредени правила. Едното од нив вели дека еден натпревар од Серие А ќе биде одложен само доколку една од екипите има голем број на заразени фудбалери и нема да може да состави 11 играчи плус резервни фудбалери. Во Наполи засега позитивен е само Елмас и Зиелински.